|
|
|
|
 |
ДатаПоинт Компјутерс е Македонска ИТ компанија која се занимава со производство, продажба и одржување на компјутерски системи и ИТ опрема, инсталација и одржување на оперативни системи и бази на податоци и соодветна техничка поддршка. ДатаПоинт е основана во Ноември 2007, располага со соодветен стручен кадар, големопродажба и малопродажба, специјализиран сервис и магацински простории од 200 м2.
ПОЛИТИКА НА КОМПАНИЈАТА ДатаПоинт Компјутерс се определува кон креирање на деловен систем ориентиран кон: Корисниците со цел зголемување на нивната довербаОриентирање и прилагодување на пазарот, со цел зголемено учество на истиотСамо квалитетни услуги да бидат доставени до ценетиот корисник, со што ќе се зголеми и подобри имиџот на компанијатаСоздавање на стратешки партнерства со познати светски компании од областа на ИТ технологијатаСоздавање на коректни партнерски односи и квалитетно давање на услугиИдентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат да предизвикаат гибење на работата и корисниците, смалување на добивката и се што неповолно влијае врз компанијатаДатаПоинт работи тимски и сите вработени имаат овластување да работат во рамките на нивните дефинирани права и одговорностиДатаПоинт води постојана грижа за вработенитеПерманентно го спроведува стручното оспособување за квалитетот на вработените на сите нивоаВоди грижа за подобрување на условите за работа, опремата и значењето на вработените, како и заштита на животната средина.....што прави да се разликува од останатите компании.
ВИЗИЈА НА КОМПАНИЈАТА Главната цел на нашата компанија е да се стремиме кон висок квалитет и задоволство кај потрошувачите и сето тоа за конкурентни цени. Втора цел кон која се стремиме е проширување на нашата понуда како и поголема достапност на нашите производи. Повеќе различни продукти кои го опфаќаат секој аспект на едно ИТ општество. Дел од нашата визија е ДатаПоинт да ја прошири достапноста на своите продукти до поголем број корисници во и надвор од нашата земја. |
|
 |
|
|
|